Мадона прогласена за жена на годината | Trendseteri
Menu

Мадона прогласена за жена на годината

Мадона повторно жена на годината

 

„Billboard“ ја прогласи Мадона за жена на годината за 2016 година, по триумфалните 12 месеци во кои музичката икона го достигна рекордот на најпрофитабилен женски изведувач, откако заклучно со турнејата за „Rebel Heart“ заработи феноменални 1,31 милијарди долари, пренесува магазинот „Attitude“.

„Мадона е една од малкумината супер-артисти чие влијание и кариера ја надмина музиката“, вели Џенис Мин, претседателка и креативна директорка на The Hollywood Reporter – Billboard Media Group.madonna-6

„Со нејзината креативна визија, постојаните иновации и посветеноста на филантропски цели, таа е инспирација за стотици милиони луѓе ширум светот, а притоа рушејќи рекорди со нејзината кариера. Таа е важна феминистка, уникатна артистка која го искористи своето влијание за да ја промени јавната свест за жените, сексуалноста и еднаквите права“. Мадона исто така беше пофалена за нејзината филантропска работа и помошта да се изгради првата детска хирургија и оддел за интензивна нега во Малави.

Покрај успешната турнеја, таа го достигна и рекордот за најмногу број еден синглови на Билборд топ листите, откако ја заработи 46-тата број еден позиција на топ листата „Billboard Dance Club Songs“ во 2016.

Седумкратната добитничка на Греми ќе ја прими наградата на овогодишниот настан „Billboard Women in Music“ (Билборд жени во музиката) кој ќе се одржи на 9 декември.