"Ендуро тим – Водно Скопје" ќе се натпреварува на Европскиот брзински мото шампионат | | Trendseteri
Menu

„Ендуро тим – Водно Скопје” ќе се натпреварува на Европскиот брзински мото шампионат

„Ендуро тим – Водно Скопје” ќе се натпреварува на Европскиот брзински мото шампионат

Мото клубот Ендуро Тим – Водно Скопје ги промовираше двајцата моторциклисти Христијан Бузалковски и Игор Спиров во релаксирана атмосфера во кафе барот Тренд Гастро Аеродром, кои ќе настапуваат на престојното првенство БМУ Европскиот мото шампионат.

Првата трка ќе се одржи во Серес, Грција и ќе се вози од 7 до 9 април, а вкупно ќе брои 14 трки во девет натпреварувачки викенди каде сезоната повторно завршува во Серес и ќе трае до крајот на Октомври.

Бузалковски ќе учествува во категоријата СП 125. Истакнат моторциклист кој веќе има дебитирано во овој шампионат. Пред две сезони беше третопласиран во вкупниот поредок и беше прогласен за натпреварувач на сезоната. Минатата година беше на шестото место од 18 возачи, но, поради повреда уште на првата трка не можеше да го истакне неговиот возачки потенцијал.

Игор Спиров ќе дебитира во класата Ф 1000 (Формула илјада). Тој во минатите сезони настапуваше во класата Ф600. Неговиот најдобар пласман е 4-то место во Источноевропскиот шампионат во 2012 година со само три бода разлика од трето пласираниот возач во конкуренција на 38 натпреварувачи.