Мелита му кажа збогум на минатото, еве го новиот почеток
ТВ водителката Мелита Ракичевиќ на третиот роденден на „DejaVu“, за прв пат се појави во јавноста со нејзината љубов, згодниот бизнисмен Виктор Гјоршевски од Битола. Мели и Виктор, неколку години се во бурна и страсна љубовна врска, подалеку од очита на јавноста. Ружи, моет и бакнежи беа доволни Виктор да им покаже на љубопитните погледи на присутните, дека со згодната џетсетерка, планира и нешто повеќе. Мели блескаше во ултра секси шорц и тексасни високи чизми, секако по најновиот модет тренд, а згодниот Виктор и парираше ,скоцкан од глава до пети во познати светски брендови. Беа едни од најозборуваните на роденеденската забава на популарното “ Дежаву“. Мели официјално се разведе од Соме со кого ја има 11-годишната ќерка единица Барбара.