Во спомен на Орнела,манекенот Кликовац во нејзина креација | Trendseteri
Menu

Во спомен на Орнела,манекенот Кликовац во нејзина креација

Моделот Спасоје Кликовац во спомен на Орнела Јордановска

Моделот Спасоје Кликовац блезна на сцената на „Макфест“ како танчер на настапот на Марија Грујовска облечен во креација на починатата дизајнерка Орнела Јордановска.

„Ми беше чест да носам креација токму од Орнела.Иако не ја познавав лично, но моите почетоци како модел беа токму од нејзиниот бутик „Џордано“ од Скопје. Кога ми кажаа дека креацијата е нејзина, имаше некоја посебна возбуда во мене, зал ми е што таа повеќе не е меѓу нас, но барем за момент придонесов споменот за неа да продолжи“, вели Кликовац.

Инаку Орнела Јордановска беше танчерка,поп пејачка и дизајнерка која не успеа да ја победи битката со ракот. Таа почина многу млада од рак на лимфните жлезди, оставајки зад себе многу недовршени проекти.