Урбан дечко со фенци приказна
Стилистот Војкан Андреевски,сопственикот на салонот за убавина “В.А. фешн“ во Скопје никогаш,ама никогаш нема да го видите несреден. Ова скопско момче ја прати урбаната мода и се што диктираат модните дизајнери во светот. И кога е во теретана, кога е на лаф муабет, на кафе пауза и кога е на ноќни журки, Војкан е секогаш тип топ. Може да се трансформира како камелеон, од урбан шик стил па се до кежуал и елегантен до совршенство. Тоа што го прави урбан фраер е токму изборот на парчињата кои се моментно тренди и изборот на боите, од тиркизната во лето, па се до темно зелената и кремот во зима. Се е толку добро стокмено, и на место , што светските стилисти веднаш би го зеле за своите колекции. Фенси приказната на Војкан, ни го дава тоа право,да го наречеме, ск0пски мангуп со стил и совршем вкус на облакање.Големо Браво од нас.