Спасоје Кликовац е нашето момче македонче кое деновиве престојува во Софија, Бугарија каде ќе се натпреварува за титулата “ Супер модел јуниверс“ во конкуренција од 25 земји од целиот свет.Интересно е тоа што неколку модни куќи од Бугарија веќе се заинтересирани да потпишат договор со Кликовац за соработка. Бугарските медиуми наголемо пишуваат за момчето од Скопје, дека е фавориот на изборот и дека му нема конкуренција. Финалето е закажано за петок, пишува порталот Либертас.