Бој Џорџ се враќа на сцена
Бој Џорџ една од култните поп ѕвезди од 80-тите се враќа на музичката сцена. Контроверзниот пејач откако го лансирше големиот хит „Karma chameleon“ и преку ноќ стана планетарно популарен. Потоа издае 6 албуми со милинска продажба. Денес, Бој има 60 години и повторно со неговиот бенд “ Kulture klub“ се враќа на музиката. Инаку Бој Џорџ е голем поборник за правата на хомосексуалците и прв, јавно призна дека е геј. Неговиот интересен и необичен имиџ како и совшениот ангелски глас го донесоа на врвот на светската музичка сцена. Погледнете ја галеријата на Бој некогаш и денес.