Моделите Спасоје Кликовац и Димче Димчевски позираат во ултра модерни парчиња гардероба, за добар вечерен и денски стајлинг. Матурските прослави се ближат, па еве шанса да решите која комбинација ќе ја одберете. Бутикот за машка гардероба „Галион “ во Т.Ц. Бисер -Скопје, ја промовираше новата колекција пролет-лето 2017 со интересни парчиња гардероба во пастелни бои. Момците во фотосесијата ќе ви бидат инспирација да го одберете правилно вашиот new fashion look. Фотосесијата е направена во луксузниот претседателски апартман во хотелот Русија,како и во популарниот Скај бар на 7-от кат.Фото- Бојан Петрушевски