Аки Рахимовски ја воодушеви хрватската публика со македонски народни песни | | Trendseteri
Menu

Аки Рахимовски ја воодушеви хрватската публика со македонски народни песни

Аки Рахимовски ја воодушеви хрватската публика со македонски народни песни

 

Фронтменот на “Парни Ваљак”, Аки Рахимовски ги изненади хрватските гледачи на првата програма на Хрватската Радио Телевизија, во која започна да се емитува новата забавно-музичка емисија “А страна”,  пеејќи македонски народни песни.

 Гледачите на ХТВ 1, кои ја погледнаа оваа тв емисија, имаа ретка привилегија и огромна чест да уживаат во одличната и емотивна изведна на Аки на познатите македонските народни песни: “Зошто си ме мајко родила”, “Битола мој роден крај” и “Како што е таа чаша” во пијано верзија.