Живот без живот | Trendseteri
Menu

Живот без живот

Неоправдани и болни причини зошто жените остануваат во токсични врски


Се грижите што ќе помислат луѓето и страв ви е да признаете дека врската не ви функционира.

Лажната врска може да го исцица и последниот атом енергија од вас. Не стварате иднина и немате просперитет, бидејќи немате партнер со кој би ја граделе вашата иднина. Иако во заедница – сами сте.

Во вакви случаи не треба да барате оправдувања за однесувањето на партнерот, ниту да вперувате прст во него, треба само храбро да си заминете.

Свесни сте дека тој прави будала од вас, но зошто вие останувате со него?

Доколку останете, животот ќе ви се претвори во кошмар кој ќе ве направи да станете жив мртовец.

 

Ова се главните причини:

  • Не верувате дека можете да пронајдете некој подобар од него.
  • Опкружени сте со пријатели кои го имаат истиот проблем и мислите дека и вашата врска е нормална.
  • Сметате дека заминувањето може да биде опасно по вашиот живот.
  • Емоционално или финансиски сте зависни од партнерот.
  • Се грижите што ќе помислат луѓето и страв ви е да признаете дека врската не ви функционира.
  • Не сакате вашите деца да израснат без татко, што во суштина е најлошо за иднината за нив. Тие нема да израснат без татко, бидејќи го напуштате и постои. Не починува!

Ве уверуваме. Нема ниту една причина која го оправдува таквиот начин живот, освен ако саката да ви остане лажен.

Доколку сепак се одлучите да останете, на крај ќе барате утеха во алкохол и седативи за да си ја лечите депресијата која е неминовна.

Elena Bojkova, Елена Бојкова