Како да се заштитите од несаканите последици на сончевите зраци
Најтоплиот период од годината носи освен забава и уживање, потребата од нега за вашата кожа. Дали знаете со сигурност колку време смеете да сте изложени на сонце за да избегнете несакани последици од сонцето?
Основните правила на кои треба да се придржуваме при изложување на јакото сонце се препарати со високо заштитни фактори, носење капа или шешир и лесна, пожелно светла лелена гардероба.
Избегнувајте изложување на сонце од 11 часот наутро, сè до 17 часот попладне. Но доколку е неизбежно изложувањето во периодот со јаките сончеви зраци, задолжително користете креми со заштитен фактор на лице, усни и сите на сонце изложени делови од телото.
За најштетниот начин на изложување на сонцето, добро познатото и практикуваното сончање, ви даваме неколку совети за максимална заштита.
Нанесете ја кремата пред облекување
При нанесување на заштитна крема по облекување на костим за капење или гардероба, постои голема веројатност делови од кожата да не се обложени со крема. Што се однесува до количината, потребна ви е отприлика една чашка за ракија.
Не чекајте да излезете надвор
Уште една причина зошто да ја нанесете кремата пред облекување е тоа што ѝ треба до 20 минути, кожата да ја впие и да се активира заштитниот фактор. Затоа имајте на ум дека, доколку ја нанесете заштитата кратко пред излегување, првиот половина час немате никаква заштита.
Кремата нека придонесува двојно
Кога веќе нанесувате крема на лицето, одберете производ кој содржи други погодни карактеристики. Доколку имате црвена или многу осетлива кожа, користете крема која штити од запаление. Ако имате пеги, користете крема која содржи соја или нианциамид.
Борете се против сонцето од внатре
Апчиња за заштита од сонце како што се Алкакапс Бета Каротин, значително го зголемува степенот на заштита. Нивната битна состојка е бета-каротинот, кој ѝ помага на кожата против оштетување од штетните UV-зраци и намалување на црвенило. Препорачаната доза конзумирајте ја на утро, но имајте ја и кремата во предвид која ќе мора да ја нанесете пред излегување.
Не се потпирајте само на шминка
Иако ви се чини дека не треба да нанесете крема за заштита од сончевите зраци доколку користите шминка со заштитен фактор, тоа е далеку од вистината. Производителите на шминки со заштитен фактор го користат тоа како маркетиншки трик. Тие имаат заштитен фактор, но доколку би требало да го постигнат потребниот ефект, ќе треба да нанесте 14 пати повеќе шминка отколку тоа нормално го правите. Затоа нанесете првин крема со заштитен фактор, па по впивање на истата нанесете ја шминката.
Не користете стара крема
Сите ние имаме некоја заштитна крема од минатат година, но е исклучиво битно да имате нова. Активните состојки кој се за заштита од UV-зраците го губат дејството доколку е застарена кремата. Затоа проверувајте го рокот на важност на амбалажата.
Нема простор за изговори
Можеби не сакате да нанесете крема затоа што мислите дека ќе добиете бубулици или осип, но за промените на кожата имаат повеќе врска со потењето него ли со кремата. Користете водоотпорни креми со заштитен фактор доколку знаете дека се потите и бришете го лицето со влажни марамици доколку сакате повторно да нанесете крема.
Не ги надразнувајте очите
Кога се нанесува крема блиску до очите, може да предизвика надразување на истите. Сепак не смее да тоа изговор за да не се користи заштита околу очите. Консултирајте се со вашиот козметичар кој ќе ви ја препорача исправната крема за тој дел од лицето. Доколку носите очила за сонце, заштитата околу очите е посебно битна бидејќи постои опасност од зголемување на UV-зраците од очилата.
Не останувајте без крема
Имајте во предвит, постојано да имате крема при рака. Има голем број тестери од производителите, па дури и мали амбалжи кои се корастат за патување. Тие без проблем ги собира во вашата ташна, автомобил или несесер.
Мислете на време
Често забораваме на заштита на темето, па завршува со изгореници на тој дел од главата. Затоа нанесте крема со пумпица или заштитен спреј на делот од главата кој е изложен на сонце, т.е. линијата на патецот за да избегнете несакани последици.