Стратегии како да ги средите навиките во исхраната | Trendseteri
Menu

Стратегии како да ги средите навиките во исхраната

Стратегии како да ги средите навиките во исхраната

 

Поставете си разумни цели.

Бидете прецизни. „Сакам да бидам физички активен“ или „сакам да се хранам поздраво“ се премногу општи цели. Наместо тоа, речете си „ќе пешачам по 30 минути секој ден“ или „сам ќе си приготвувам ручек двапати неделно.“

Прво почнете со најлесните промени.

Откако ќе ги постигнете најлесните цели и ќе се почувствувате успешни, ќе добиете сила да прифатите повеќе предизвици. Штом малите промени ќе станат трајни, ќе продолжите со промените, а со тоа ќе имате големи придобивки за здравјето.

Не размислувајте „готово, сега ќе мора ова да го правам цело време!“

Пробајте да ја правите промената само за викенд, без да претерувате, или да ја правите од ден за ден, дури и од оброк до оброк, ако треба.

Кажете си, „Ајде, овој викенд ќе ја направам таа промена.“ Или, „Ајде, денеска ќе ја направам таа промена.“ Или, „Ајде, за овој оброк ќе го сменам тоа.“

Водете си евиденција за да знаете колку напредувате.

Ако се обидувате да бидете физички поактивни, запишувајте ги минутите или километрите по колку трчате. Ако се обидувате да јадете помалку слатка храна, поставете си неделна граница и водете евиденција. И бидете горди за секој мал успех.

Обидете се да претпоставите што може да ви го промени планот и планирајте според тоа.

Ако не можете да се откажете од забавите, направете си план да изедете ужина пред да одите на забавата и предвреме одлучете колку пијачки ќе испиете. Ако знаете дека наутро го одложувате алармот наместо да станете за вежбање, ставете го часовникот во другиот дел од собата — веднаш до опремата за вежбање.

Вежбајте да си го одвлекувате вниманието.

Кога ќе се настрвите да јадете нешто што не треба, речете си дека ќе почекате 15 минути и потоа ќе јадете. Всушност, ќе почнете да правите нешто друго и ќе заборавите на јадењето.

Откријте што ви создава лоши навики и направете промени.

Ако секогаш кога поминувате покрај автоматот за храна и пијалаци сакате да си купите нешто, обидете се да не поминувате покрај него или не носете пари со себе. За да не јадете навечер, наместо да одите во кујна да земете нешто од фрижидерот, одете во купатило и измијте си ги забите.

The Better Nutrition