Скопски Виз Ер Маратон – многу повеќе од обична 3 часовна трка | Trendseteri
Menu

Скопски Виз Ер Маратон – многу повеќе од обична 3 часовна трка

Скопски Виз Ер Маратон – многу повеќе од обична 3 часовна трка

 

Подготовките за најголемото маратонско случување во регионот се завршени. Оваа година Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи во недела, 06.05.2018, со старт во 08.30 часот. На агендата повторно се маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон и трката на 5 километри. Поради ефектот кој Виз Ер Скопски маратон го имаше во Македонија и пошироко оваа година светската рекордерка Пола Редклиф ќе биде промотор на Виз Ер Скопски маратон.

Но, трката е само една половина од забавата.

 

Забава пред трка

Придружете им се на маратонците од целата земја и светот на терасата на Fitness Healthy Bar на 6ти мај, каде ќе можете да уживате во вкусните тестенини и пијалок и да ја доживеете атмосферата на оваа забава пред трката.

Купете купон за оброк на Marathon Expo и ќе можете да добиете пијалок по специјална цена. Тука е и Chill Play бендот кој ќе ве забавува.

 

Маратон Експо

Трката е само една половина од забавата. Со интерактивни изложби, подигнување на бројчиња, дружење на тркачитe; Официјалното Маратон Експо е еден од најважните моменти на викендот пред маратонот.

На Маратон Експо ќе имате можност да добиете информации за трките, како и шанса да се запознaете со некои од познатите тркачи. Сите тркачи ќе имаат можност да го добијат својот број и стартен пакет. Покрај тоа, ќе се продаваат купони за Pasta Party, па не заборавајте да купите еден и вие, цената на купонот е 120 денари.
Побарајте повеќе информации за Pasta Party при подигнување на стартните пакети.

Не двоумете се да ја споделите оваа информација со сите ваши тренинг пријатели да дојдат, дури и ако не се натпреваруваат. Тие ќе имаат можност да бидат информирани за фитнес и спа понудите во Парк Хотел и Спа.

Запаметете го датумот, овој викенд, 05.05 и 06.05 од 10:00 до 19:00 во нашето омилено место во градот, FOUR.