Гламур на снег, скијајте со стил!!! | Trendseteri
Menu

Гламур на снег, скијајте со стил!!!

Топла, удобна и водоотпорна, но може да биде и многу модерна облеката за скијање


Иако најважно е на снег да да ви биде топло и удобно, како да оделеете на на тоа да изгледате модерно и на ски-стазите? При одбирање на гардероба и асесоари не мора да се држите само до црна и бела боја или еднобојни ски-одела, изборот низ продавниците е преголем. Ако не сакате силни бои и дезени, одберете нешто со интересни детали.

Тука се материјалите со шарени дезени како снегулки, ѕвездички и еленчиња, со сошиени пом пом топчиња или анимал принт. Иако на планина одите пред се за скијање, во патната чанта мора да ставите и удобни џемпери за седење покрај огнот, тренерки за моментите во апартманот и некој елегантен зимски фустан за потенцијално излегување.

Кога ќе одите на стаза, облечете се слоевито. Прво се облекува слој кој ја регулира телесна температура, потоа слој кој служи за изолација и е од лесен материјал, односно дозволува циркулирање на воздухот, а врз сето тоа доаѓа водоотпорна јакна која спречува и продирање на ветер. Ракавици и кацига се подразбира дека треба да имате и никако да не заборавите и очила.