Највпечатливите модели на ранец-чанта, совршенство за оваа сезона | Trendseteri
Menu

Највпечатливите модели на ранец – чанта, совршенство за оваа сезона

Најдобрите модели на ранец кои ќе ја обележат зимската сезона

 

Практична и ефектна се двата епитета кои секогаш ги бараме за да имаме совршена дневна чанта!

Освен што ќе одигра улога на еден од клучните модни додатоци во нашата секојдневна комбинација, чантата исто така треба да ги собере сите ситници како што се: мобилен телефон, шминки, паричник, клучеви, планер…

Веќе неколку сезони, како најпрактично издание на дневна чанта се покажаа шармантните ранци.

Иако училишните денови се далеку зад нас, ранецот е повеќе от потребен како моден додаток во секој плакар, особено ако е во прашање уличната мода.

Покрај познатите дизајнери, кои креираа спој на практично и ефектно, нови модели секоја сезона можеме да пронајдеме и во колекциите на познатите и пристапни со цена брендови.

Од вештачка или природна кожа, мат или сјајна текстура, ранецот оваа сезона изгледа подобро него било кога.

Помеѓу најпосакуваните модели се извоија Chloe, Lancel Lola и Chanel кои наместо класични кожни рачки, надополнети се со препознатливите златни ланци.