Дали ќе успее Панчо да се извлече од ова? | Trendseteri
Menu

Панчо во Чикаго

Дали ЗАМП ги доведува нашите музичари до просјачки стап

 

Имено, Владимир Блажев познат како Ди Џеј Панчо, еден од вокалите на познатото РнБ дуо ДНК, неодамна отпатува за САД каде што сакал да си ја најде среќата.

Нашиот дописник од САД, Андреј Ѓорѓиески со жалосно видео се потруди да ни го долови моментот, колку е тежок и немилосрден животот во САД. На видеото се гледа Ди Џеј Панчо како се труди да се снајде во ладното Чикаго.

По прашање од страна на нашиот дописник Андреј, Владимир Блажев изјавил дека морал овој чекор да го направи, бидејќи правата на авторите во Македонија не биле заштитени и немал друг излез освен да си ја проба среќата некаде, каде што ќе му бил ценет и платен трудот.

Ние во секој случај му посакуваме многу среќа и успех. Видеото иако може да ве растажи, Панчо бил многу успешен и задоволен со дневниците кои се движеле од 400 до 500 долари со реченицата …плиз гими а долар!

Кој за што учел ?‍♂️

Gepostet von Vladimir Blazev am Montag, 29. Oktober 2018

 

PS: Се разбира дека е ова шала од наша страна и одобрена од страна на нашите драги пријатели Владимир Блажев и Андреј Ѓорѓиески. Им посакуваме убав престој во САД и ги очекуваме наскоро да ни се вратат.