Најпопуларните очила за оваа сезона | Trendseteri
Menu

Најпопуларните очила за оваа сезона

Секој со свој стил, но овие очила се ова лето ин


Очилата за сонце се неизбежен моден додаток за време на топлите денови од годината, а најважните критериуми за нивниот избор е секако добро да ви стојат. Па доколку сакате да ги одберете совршените очила за вашето лице и истовремено да сте во чекор со модните трендови, изберете еден од овие модели:


Предимензионирани рамки

Спротивно на ланската тренд со минијатурни очила за сонце, оваа сезона важи правилото – што поголемо, толку подобро! Најдобриот избор се квадратните рамки од 70-тите години.


Очила без рамки

Од Ријана и Џенифер Лопез, па сè до Ким Кардашијан, сите славни трендсетерки оваа сезона носат футуристички очила за сонце со големи стакла, но без рамка.


Правоаголни очила

Уште еден ретро тренд што ни се враќа од 90-тите години се очилата за сонце со правоаголна форма коишто ќе ги обожаваат минималистите во модата.


Ретро авијаторки

Иако овој модел никогаш не излегува од мода, оваа година тие се наоѓаат високо на врвот, особено моделите со стакла во различни бои и рамките од 80-тите години.


Мачкини очи

И овој модел не излегува од мода и им одговара на сите жени, па затоа и се толку популарни. Одберете ги оние со минијатурни рамки за да бидете во чекор со модата.