Шампион! | Trendseteri
Menu

Шампион!

Новак Ѓоковиќ -Ноле ја освои 16. гренслем-титула во кариерата


Српскиот број 1 тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои 16. гренслем-титула во кариерата, откако денеска славеше со 3-2 во сетови против Роџер Федерер.

Ѓоковиќ по победата кажа дека ова било највозбудливото финале кое го играл во кариерата, а притоа додаде дека Федерер и на 37 години го инспирира.

  • „Мислам дека ова е највозбудливото финале кое го одигравме, против еден од најголемите тенисери во историјата, Федерер, кој многу го почитувам. За жал некој мора да загуби. Јас сум еден од тие кои верува дека ќе биде како Федерер на 37 години, зашто тој ме инспирира и покажа дека на 37 години може да се постигнат големи резултати“, кажа Ѓоковиќ.