Несреќни сте затоа што... | Trendseteri
Menu

Несреќни сте затоа што…

Несреќни сте затоа што

 

Луѓето кои ве третираат убаво ги земате здраво за готово.
Туѓата несреќа ве успокојува.
Туѓиот срам ви ја храни душата.
Затоа што сте лажно присутни во животите на луѓето.
Затоа што глумите среќа.
Затоа што си го глумите животот мислејќи дека некого го боли уво за тоа.
Затоа што живеете под притисок дека мора да сте совршени.
Не го живеете својот идеал, бидејќи го осудувате она што длабоко во себе и самите го поседувате.
Затоа што туѓиот успех ве вознемирува.
Затоа што продавате лажен морал.
Затоа што го наплаќате фактот што сте човек.
Ги гушите блиските со предрасуди бидејќи и самите не дишете слободно благодарение на истите.
Затоа што се убедувате дека други се виновни за ваш неуспех.
Затоа што свесно газите на туѓа среќа.
Затоа што сопствените стравови и комплекси ги дефинирате како фрустрации на оние кои се пред вас.
Затоа што робувате на материјалното.
Затоа што ги лажете оние кои ви веруваат.
Затоа што помагате, па префрлате за тоа.
Затоа што го вреднувате само сопствениот труд.
Затоа што си земате за право да давате дијагнози за оние кои не ни знаат дека постоите.
Затоа што одбивате да ја разберете различноста кај човечките души кои се сè поретки.
Затоа што бројот на оние на кои им верувате е еднаков на 0.
Затоа што „се вљубувате“ со калкулации.
За да импресионирате некого ги користите слабостите на оние кои се покрај вас.
Затоа што наместо пајажината во сопствената глава ги чистите туѓите дворови…

Тамара Грујовиќ