Ова се тајните за убавината на французинките | Trendseteri
Menu

Ова се тајните за убавината на французинките

Французинките и нивните тајни за убавина и нега


Мора да признаеме дека Французинките се едни од најубавите и најнегуваните жени на светов.

Ова се нивните тајни за убавина:

Некогаш го прескокнуваат миењето на лице.
Водата, особено доколку е со хлор, може да го исуши вашето лице. Затоа Французинките ја менуваат водата од чешма со мицеларна вода која одлично го чисти и негува лицето.

Не трупаат козметички производи.
Во бањата на една Французинка нема да најдете десетина препарати за нега на кожа, туку едвај два или три кои се квалитетни.

Ја сушат косата без фен.
Бидејќи знаат дека феновите и пресите ја сушат и оштетуваат косата, тие секогаш кога ќе се во можност ја сушат косата без нив.

Нивната шминка е минимална.
Малку е секогаш повеќе. Ова е мотото на Французинките кога дневната шминка е во прашање. Не ја отперетуваат кожата со премногу шминка.

Носат црвен кармин.
Затоа што ја знаат неговата моќ на разубавување.

Никогаш не го забораваат парфемот.
Дури прскаат и малку парфем на косата затоа што знаат дека парфемите се заводливи.

Никогаш не забораваат да ја извадат шминката кога ќе си дојдат дома.
Дури и ако имале ужасен ден. Затоа што кожата ги помни сите грешки при негата.