Овие работи треба да ги напуштите ЗАСЕКОГАШ !!! | Trendseteri
Menu

Овие работи треба да ги напуштите ЗАСЕКОГАШ !!!

За да бидете по опуштени и среќни, потребно е да започнете со напуштање на одредени работи од вашето минато

 
Вие не треба да станете Некој или да постигнете Нешто за да бидете среќни. Спознајте се себе, станете свесни за вистинските вредности во животот и ценете ја својата единственост.
 
Овие работи треба да ги напуштите засекогаш!!!
 
  • Напуштете ги сите оние работи кои не ви даваат сила и можности.
  • Напуштете го чувството на вина правејќи нешто што вие сакате.
  • Напуштете го стравот од непознато, направете еден мал чекор и гледајте како ви се отвара нов пат.
  • Напуштете ја загриженоста, тоа е како да молите за нешто што не го сакате.
  • Напуштете ја вината за било кого или за било што, бидете одговорни за својот живот. Ако нешто не сакате имате два избора, да прифатите или да промените.
  • Напуштете го размислувањето како сте оштетени, вие му значите на светот и на светот сте му потребни такви какви што сте.
  • Секогаш следете го срцето, напуштете го мислењето дека вашите соништа не се важни.
  • Престанете да бидете личност која секогаш и на секого мора да биде на располагање, имајте на ум дека пред се треба да водите сметка за себе, ако тоа не го направите нема да бидете во состојба да се грижите за другите на правилен начин.
  • Напуштете го мислењето дека сите останати се посреќни, поуспешни или подобри од вас.
  • Напуштете го минатото, време е да тргнете понатаму и да раскажете нова приказна.
  • Напуштете го мислењето дека не сте таму каде што треба да бидете. За да стигнете таму каде што сакате, вие моментално сте таму каде што треба да сте.
  • Напуштете ја омразата кон бившата љубов и фамилија. Сите заслужуваме среќа и љубов. Само затоа што некој однос е завршен, не значи дека љубовта била погрешна.
  • Напуштете ја потребата дека мора да направите нешто повеќе и да бидете нешто повеќе, до сега направивте се што сте можеле и тоа е доволно.
  • Напуштете ги обидите да ги спасите или промените луѓето. Секој има свој пат и најдобро е да работите на себе и да не се фокусирате на другите.
  • Напуштете ги обидите да се вклопите секаде и сите да ве прифатат. Вашата единственост е она што ве прави уникатни.