За девојките што се во чекор со модата | Trendseteri
Menu

За девојките што се во чекор со модата

Најпопуларниот модел на фустан за ова лето!


Со овој модел не можете да згрешите! Кога и да се зборува за модата, малиот црн фустан е секогаш на врвот. Но, кога станува збор за жешките лета, особено за најтоплиот месец во годината, краткиот бел лелеав фустан е незаменлив. Тој одлично стои на сите видови тела и го истакнува потемнетиот тен.

Без разлика за каков настан планирате да го одберете белиот фустан, вие нема да згрешите бидејќи е многу лесен за комбинирање. Многу лесно се трансформира од дневен кежуал изглед со лесни патичиња и голема чанта во елегантен вечерен модел со високи потпетици и впечатливи модни додатоци.

Покрај соодветниот крој, при бирањето на моделот важно е да изберете природен материјал со цел кожата да може да ви дише дури и при највисоките температури. Изборот на моделот зависи целосно од вас, но не е лошо да го нагласите струкот, без разлика на вашето тело, со цел да добиете попропорционален изглед.