Најубавата жена во светот нè воодушевува постојано, па и на 54 години | Trendseteri
Menu

Најубавата жена во светот нè воодушевува постојано, па и на 54 години

Моника Белучи не престанува да изненадува и привлекува внимание

 

Една од најубавите жени во светот, за која постојано има што да се каже. Моника Белучи која има 54 години, изгледа толку добро да може да и подзавидат и дупло помладите колешки.

И не се работи само за нејзиниот физички изглед, шармот и сексапилот зрачат од оваа жена каде и да се појави, па и нека е облечена како сосема обична девојка.

Сепак за еден настан во Париз, таа се среди од глава до пети и заблеска целосно. Црвената тоалета до земја совршено и стоеше, но на многумина им падна во очи нејзиното длабоко деколте со кое ги истакна градите.

Тоалетата беше потполно отворена во горниот дел, прицврстена на половината со прекрасен ремен истакнувајки ја нејзината половина и прекрасно женствено тело.