Домашен рецепт против целулит за кој жените гарантираат | Trendseteri
Menu

Домашен рецепт против целулит за кој жените гарантираат

Овој домашен рецепт ќе ви помогне во борбата против целулитот


Лененото семе има позитивно влијание врз здравјето и е познат како суперхрана.

Поред други корисни ефекти на лененото семе, тоа исто така успешно се покажа во борбата против целулитот.

Лененото семе се смета како суперхрана и е познато по тоа што содржи многу витамини, заситени масни киселини, влакна и минералии. Лененото семе го стимулира варењето и ја штити флората, така да е одличен за губење на тежина.

Вишокот маснотии е главна причина за целутит и се покажува видливо на вашиот задник и вашите бутови.

Овој многу едноставен рецепт ќе ви помогне во затегнувањето на кожата со тоа што ќе ги изгубите вишокот маснотии.

Со редовно конзумирање на овие мали семки се поттикнува производството на колаген во телото и ја намалува вишокот вода која што ја има во телото, што исто така помага во борбата против целулитот. Лененото семе се користи како додаток во разновидна храна како н.п. леб, салата или супа, но најефикасен е кога го конзумирате како напиток во вода.

Во еден литар зовриена вода ставете три супени лажици лененото семе. Оставете ја мешавината да отстои 8 до 12 часа. Препоачливо да го направете напитокот во вечерните часови за да може веднаш изутрина да испиете една чаша. Останатата количина пијте ја постепено во текот на денот.

Лененото семе не е магично, но по извесно време и редовно користењ ќе имате видлив ефект.