Атмосферата влијае врз целиот живот на детето | Trendseteri
Menu

Атмосферата влијае врз целиот живот на детето


Атмосферата што владее во домот каде што расте детето влијае врз целиот негов живот, колку и да е лажна


Познатиот педагог и научник „Shalva Amonashvili“, автор на правецот хумана педагогија, професор на Московскиот државен педагошки универзитет, во своите книги за одгледување деца дава 10 совети за нивно воспитување. Лажните бракови кои опстануваат поради децата се најлошите за нивниот развој

  1. Децата се раѓаат априори добри, децата немаат зли намери. Но многу брзо и лесно можеме да им наметнеме лоши навики.
  2. Љубовта и грижата од родителите треба да ги поттикнат развојот на способностите и духот на детето, а не да ги задушат.
  3. Воспитувањето на детето ќе биде поефикасно и поцелосно кога се заснова кон духовност и морал. Одвојте време за духовен развој додека разговарате и ги воспитувате децата.
  4. За децата, најважни се љубовта и милувањето од мајката. Грижата и љубовта од родителите ги подготвуваат за разните проблеми што се појавуваат во животот.
  5. Атмосферата што владее во домот влијае врз целиот живот на детето.
  6. Детето се раѓа со неограничен потенцијал. Главна работа е да не му биде забранувано и да се насочува вниманието на нешто корисно, безбедно и привлечно.
  7. Сето основно знаење за светот детето го добива во првите 5 години од животот. Наша задача е да му ја покажеме извонредноста и безграничноста на околниот свет.
  8. Не смеете да го лажете детето, не смеете да му се потсмевате и да бидете груби кон него!
  9. За да се развие детето, доволно е да го навикнете на сите работи што вие ги правите сами, само во форма која е возможна за него. Учете го да биде внимателно. Тоа ќе му помогне да го запознае светот во сета негова убавина. Учете го да ја види позитивноста секаде, учете го секаде да види убавина.
  10. Грубоста и суровоста кон детето не се дозволени. Децата стануваат насилни само откако ќе се сретнат со насилно однесување.