Хороскоп - Лав | Trendseteri
Menu

Хороскоп – Лав

Љубовен хороскоп за Лав – месец март 2018та

 

Лав 23.07 – 23.08

Горделивите претставници на зодијакот во овој месец ќе бидат склони кон улетување во неконвенционални врски, авантури и односи кои се базираат исклучиво на страст и интензивна, но и краткотрајна сексуална привлечност. Оние кои се во подолга врска ќе имаат „чудни“ и несекојдневни очекувања на овој план од партнерот. Токму оние со долга врска ќе имаат желба да го „преспијат“ месецов во домашна атмосфера, додека слободните ќе уживаат во кратките и брзи задоволства кои ќе ги бараат и најдат во активниот ноќен живот. Всушност, пролетта е период кога сите огнени знаци (Овен, Лав и Стрелец) се будат и активираат на емотивен план. Втората половина од месецот може да ја сметате за поактивна и поисполнителна во однос на очекувањата кои ги имате. Полната Месечина на крајот од месецот ви носи разјаснување на дилемите кои ве мачеле изминатите 3 месеци во врска со партнерот и воопшто емотивните одлуки.

Поволни датуми: 8,9,27 и 28.
Неповолни датуми: 13,14,21 и 22.