Пролетна приказна во модата | Trendseteri
Menu

Пролетна приказна во модата

Сако и панталони во пастелни тонови


Доколку сте обожавател на посмирени и удобни модни комбинации, тогаш овој тренд е скроен за вас.

Комплет од сако и панталони во нежни, пастелни тонови е последната модна опсесија која доминира во уличната мода. Покрај струкираните и припиени кроеви, интересно е што поголемиот дел од комплетите се пошироки и прилично удобно.

На големо изненадување, најчесто се комбинираат верувале или не… со патики. Сепак, одлично се надополнуваат и со рамни чевли, чевли со ниска или висока штикла.

Погледнете како изгледа новата пастелна пролетна приказна од светот на модата