Комбинации кои ќе ве воодушеват | Trendseteri
Menu

Комбинации кои ќе ве воодушеват

Летни модни комбинации во кои ќе изгледате како манекенки


Сите ние обожаваме да носиме штикли бидејќи тие ги издолжуваат нозете и ја прават нашата фигура совршена. Но, постојат и денови кога едноставно сакаме да одбереме нешто поудобно, поедноставно и поопуштено. Овие летни модни комбинации се наменети токму за тие денови!

 

Мини здолниште и балетанки

Ако сакате летно време да носите мини здолниште, тогаш најдобриот начин да го комбинирате за секојдневни настани се рамните обувки како балетанките. Тие ќе ги украсат вашите нозе и ќе го заокружат целиот аутфит, додека истовремено и ќе направат да изгледате повисоки.

 

Кратки шорцеви и мокасини

Кратките шорцеви без сомнение не одат со балетанките, но затоа пак одлично изгледаат со мокасините, особено ако сте пониски. Оваа комбинација ќе ве издолжи и ќе направи да изгледате како да сте вистински манекенки.

 

Миди здолниште и сандали

Миди здолништата се едни од најтешките парчиња облека за комбинирање, па за да си ја олесните работата следете го само ова правило – нагласување на глуждовите! Одберете сандали со мал број ремени за да им дозволите на стапалата да дојдат до израз.

 

Долг фустан и патики

Не е потребно многу за да изгледате повисоко во долгите здолништа и фустани. Со својата форма, тие самите ве издолжуваат, па затоа и нема потреба да носите високи потпетици. А кога станува збор за летните денови, нема да згрешите ако одберете патики со долг фустан.

 

Фармерки и рамни обувки

Рамните обувки можете да ги комбинирате и со фармерки. Буквално сите видови модели одговараат со нив.

 

Килоти и апостолки

Сите се плашат да комбинираат килоти бидејќи тие визуелно можат да ги скратат нозете, но кога се комбинираат со апостолки, тие добиваат модерен изглед додека истовремено и ја издолжуваат вашата фигура.