Хороскоп Овен | Trendseteri
Menu

Хороскоп Овен

Бизнис хороскоп Овен – Април 2018

 

Огнените претставници во првата половина од месецот ќе имаат потешкотии во реализацијата на поголемите планови. Ретроградноста на Меркур ви ги вади на површина недостатоците и пропустите на кои свесно не сте внимавале. Најголем успех и можности на професионален план, може да очекуваат оние кои работат за некој друг, оние кои работа во државни инсттуции, како и оние кои партнерски ја делат соработката.

Поволности во поле на финансии може да очекуваат после 21ви Април оние кои имаат хонорарна соработка, оние чија работа и творење е поврзано со креативност, како и оние кои работат во малопродажба. Од друга страна, пак, исполнетоста на вашето поле на кариера со силни и спори планети ви носи поддршка и помош од авторитети и лица на позиција. Последните 4 дена од месецот се исклучително нестабилни и неповолни за нови професионални почетоци и брзи облици на заработка.

Поволни датуми: 15,16,17 и 21.
Неповолни датуми: 18,26 и 27.

 

Овен   Бик   Близнаци   Рак

 

Лав   Девица Вага  Скорпија

 

Стрелец  Јарец  Водолија  Риби