Хороскоп Лав | Trendseteri
Menu

Хороскоп Лав

Бизнис хороскоп Лав – Април 2018

 

Лавовите кои работат во приватниот сектор, како и Лавовите кои имаат приватен бизнис ќебидат задоволни од постигнатите резултати во месецов. Оние, пак, кои соработуваат со странство или планираат да заминат да работат во странство ќе имаат потешкотии речиси во текот на цел месец , па би било добро ангажманите околу оваа проблематика да ги одложат за следниот месец.

Оние чија работа е поврзана со купопродажба на недвижен имот, како и вложување во недвижности од кои понатаму би имале можности за постојана работа во облик на издавање, исто така ќе можат полесно да дојдат до позитивни резултати. Фазата на младата Месечина ќе биде активна во вашето поле на кариера, па оттаму вотој период може да очекувате позитивни промени, како и можност за напредување во истата. Втората половина на месецот е далеку поповолна за работа и соработка со странство.

Поволни датуми: 5,6,25 и 26.
Неповолни датуми: 10,11 и 30.

 

Овен   Бик   Близнаци   Рак

 

Лав   Девица Вага  Скорпија

 

Стрелец  Јарец  Водолија  Риби