Хороскоп Близнаци | Trendseteri
Menu

Хороскоп Близнаци

Бизнис хороскоп Близнаци – Април 2018

 

Проблематиката околу потпишувањето важни документи и договори е од особена важност и за Близнаците, бидејќи Меркур како владетел на овој знак, директно влијае на промените поврзани со овие претставници. Состојбата за првата половина од месецот се смета за поволна само доколку се обновуваат застарени или недовршени обврски, договори или предмети. Близнаците, почетокот од месецот ќе го дочекаат со зголемување на обемот на работни обврски и презатрупаност со истите. Оние кои сакаат да напредуваат на веќе постоечкото работно место или да го менуваат, би било добро тие промени да ги активираат после 18ти во месецот.

Поволен ќе биде Април за оние кои партнерски соработуваат, како и оние чија работа е поврзана со туѓи пари, влогови, осигурувања и наплата на долгови. Истовремено овој период е предупредувачки за оние кои планираат поголеми позајмици или кредити. Би било добро овој тип одлуки да ги остават за следниот месец.

Поволни датуми: 19,20,25 и 26.
Неповолни датуми: 12,13 и 14.

 

Овен   Бик   Близнаци   Рак

 

Лав   Девица Вага  Скорпија

 

Стрелец  Јарец  Водолија  Риби