Жена со стил никогаш нема да ја носи оваа облека | Trendseteri
Menu

Жена со стил никогаш нема да ја носи оваа облека

Следните пет парчиња никогаш нема да ги видите на Французинка со стил


Кога зборуваме за елеганција и софистицираност во модата, првично нè асоциира на французинки. Нивниот феноменален стил се темели воглавно на едноставност и практичност, но за добар изглед е важно и она што ќе одбиете да го носите. Што е тоа што никогаш не би носеле жени со стил?

 

Пуш-ап градник

За нив, малите гради се сексапилни и убави и носат класични  модели на градници или воопшто не го носат. Французите не гледаат никаква убавина во гломазни и вештачки гради.

 

Превисоки потпетици

Никогаш нема да видите Французинка во фустан со превисоки потпетици во кои таа не може нормално да оди. За дневните потреби тие се одлучуваат за балетанки и чевли со умерени потпетици, додека за вечерните часови се одлучуваат за класични салонки.

 

Истакнати брендови

Преувеличување нема на ниту еден од нивните списоци, освен на оној што треба да се избегне, така да нема никогаш да видите Французинка со парче на кое „вришти“ името на брендот. Тие го сметаат за невкусно.

 

Хулахопки во боја на кожата

„Лажната“ гола нога е неразбирливо за нив и со тоа непожелно.

 

Спортски стил за свечани прилики

Трендот за носење тренерки патики на елегантен фустан французинките им го препуштаат на другите. Спортска облека носат во теретана,  а фустанот го комбинираат како што доликува, со салонки.