Фармерки - никогаш доволно | Trendseteri
Menu

Фармерки – никогаш доволно

Пронајдовме некои, кои ќе ги обожавате. Овие 3 модели се апсолутен хит


Фармерките ниту една сезона не се „out“, се менува само моделот и бојата. После години навлекување во „skinny“ моделот, кокетирање со А кројот, оваа година фармерките ќе бидат особено популарни во овие верзии.
 
По завршување на модната недела, по улиците на Милано, Њујорк и Париз трендсетерките ни покажаа како некогашниот најголем грев, џинс од глава до пети, се враќа на големата врата и е многу „in“. 

Во 2019 ќе расте и популарноста на фармерките кои доминираа во 90-тите: високиот струк и рамен крој ногавици ќе имаат посебно место во новата сезона.

На крај, црните фармерки, класика помеѓу џинсот, дефинитивно доминираше во новите колекции, а на многумина им е омилен затоа што лесно може да се вклопи во многу комбинации.
 
Пронајдовме неколку „straight“ модели во кои ќе сакате да ја минете пролетта!

Photo: Profimedia/Getty images