Чевли за пролет/лето 2019 | Trendseteri
Menu

Чевли за пролет/лето 2019

Од Париз ни пристигнуваат најновите модели на чевли за следната сезона


Неодамна заврши Неделата за висока мода во Париз, на која беа претставени разни модели на чевли за сезоната пролет/лето 2019 година, кои очекуваме да заживеат и во колекциите на комерцијалните модни брендови. Додека чекаме тоа да се случи, ви ги претставуваме нај хит моделите одобрени во Париз.
 
Потпетици со отворена пета
До сега се носеа чизми со отворена пета, а сега ни пристигнуваат и чевли. Модната куќа на Шанел лансираше сатенски чевли од овој модел во многу нијанси. Висока тенка потпетица и сјајниот материјал се вистински гламурозен спој и „must have“ помеѓу трендсетерите.
 
Чевли со шљокици
Овој минатогодишен тренд продолжува и ќе продолжиме да уживаме во шљокиците. Се наоѓаат на сите модели чевли, а за „WOW“ ефект препорачуваме кратки чизмички потполно обложени со шљокици како овие од колекцијата на Диор.
 
Сандали со платформа
Иако одредено време не беа во тренд платформите, сега се враќаат и се во тренд.
 
Каубојки
Кога се во прашање чизмите, пролетта ќе имаме можност да носиме специфични модели инспирирани од „cowboy“ стилот.
 
Исечени сандали 
„Cut out“ сандалите може не се најдобар избор за долго носење по силно сонце затоа што на нозете неизбежно ќе ви остават траги, но се вистински избор за топлите пролетни денови.

Photos: Profimedia