Хороскоп - Бик | Trendseteri
Menu

Хороскоп – Бик

Љубовен хороскоп за Бик – месец март 2018та

 

Бик 20.04 – 21.05

На Биковите уште од Октомври минатата година, Јупитер во нивното поле на партнерски односи им носи големи промени на емотивен план, Таа состојба продолжува сѐ до Ноември оваа година. Па така, оние чија врска е стабилна, реално работат на случајот на озваничување на истиот. Оние кои планираат потомство, може да се израдуваат уште на почетокот на месецот кога Месечината ќе биде полна, со тоа и „плодна“ во вашето поле на деца, но и нови емотивни познанства. Оние пак, кои се во исчекување на промени на статусот сингл, може да уживаат во текот на цела пролет на контакти, познанства и незаборавни искуства на емотивен план. Ретроградното движење на Меркур пред крајот на месецот ви враќа „ликови“ од минатото. Па, оние кои се во исчекување на поправање на односите, ете им шанса (овој аспект ќе трае до 15ти Април), додека оние кои сакаат да ги избегнат овие настани нека обрнат внимание, особено оние кои сакаат да започнат нова врска во тој период.

Поволни датуми: 2,3,21 и 22.
Неповолни датуми: 13,14,23 и 24.