Врска без врска! | Trendseteri
Menu

Врска без врска!

Погледнете дали губите време со човек кој не ве заслужува


Здрава и стабилна љубовна врска се базира на взаемно почитување и взаемна љубов.

Бидете сигурни дека сте во врска со партнер кој ќе ве почитува и кој ќе ве сака. Тука имаме шест карактеристики кои откриваат дека е време да заборавите на оваа врска, затоа што губите време со партнер кој не ве заслужува.

 

Никогаш нема време за вас

Тој никогаш нема време за вас, но секогаш наоѓа за сите други луѓе во неговиот живот.


Тој е неблагодарен

Дури и ако цело време му посветувате внимание, тој никогаш не вели „благодарам” и не го цени сето она што добива.


Донесува одлуки и не се грижи за вашето мислење

Никогаш не бара совет или мислење, дури и ако тоа се однесува на вашата врска. Тој никогаш не го зема предвид она што го предлагате и прави сè на свој начин.


Тој планира без вас

Планира заедничка активност и средба, па дури и планира работи кои не ве инволвираат. Со таквиот став јасно покажува дека не ве цени вас, ниту пак вашето слободно време, бидејќи тој е убеден дека секогаш треба да бидете на располагање.


Мрзлив е

Ги избегнува сите обврски и никогаш не помислува дека можеби би ви значела неговата помош.


Ве изневерува

Ова е најсилниот доказ дека не ве смета за партнер. Заборавете на овој однос, постојат многу подобри луѓе во светот отколку тој. И имајте на ум дека неверството не е само секс. Сексот е само чин во делот на неверството. Неверството започнува во тој момент кога се премолчува, макар било и кафе со пријател од минатото!

Доколку се совпаѓа само една од горенаведените причини, камоли повеќе, баталете го тој човек. Таков човек нека си лута во својот филм, мислејќи дека така треба. Тое е себичен и безвреден човек. Не дозволувајте да ви го губи времето, колку и да боли!