Компанијата „Sandvine“ ги истражи нашите навики околу „паметниот телефон“
Компанијата „Sandvine“ претстави анкета во врска со односот на мобилни апликации и мрежниот сообраќај постигнат преку мобилни уреди. Оваа апликација го троши најголемиот дел од интернетот на вашите мобилни телефони.
„Youtube“ е одговорен за најголемиот дел од регистрираниот сообраќај и има учество од 37% во вкупниот регистриран сообраќај.
На далечното второ место е „Facebook“ со учество од 8,4%, додека на трето место е „Snapchat“ со 8,3%, како што изјавуваат од „Sandvine“. „Instagram“ има удел од 5,7%, додека само „сурфање“ на интернет учествува со 4,6%.
„Whatsapp“ има удел од 3,7%, „Facebook Video“ 2,5% во вкупниот промет, следен од „Netflix“ со учество од 2,4%, а Apple-овиот „AppStore“ 2,1%, додека „Google Play“ корисит 1,9%.