Најубавите анти - стрес места на светот | Trendseteri
Menu

Најубавите анти – стрес места на светот

Зимска идила и бајковити замоци, анти стрес терапија

 

Ако посакате оваа зима да „скокнете“ во светот на бајките, идеално место за вас е замокот „Neuschwanstein“ кој се наоѓа во југозападна Баварија во Германија. Името на замокот во превод значи „нов лебедов камен“, а го изградил кралот Лудвиг II во 19 век.

Во зимскиот период, замокот и околната природа покриени со снег, сочинуваат еден од најромантичните погледи кои било кога сте го виделе. Се потсетува на невистинита бајка во која самите вие сте учесник, барм на момент.

Дури ни Волт Дизни, не одолеал на магичната архитектура на оваа градба, која го инспирирала да ја пренесе нејзината специфичност и во анимираниот филм Заспаната убавица.

Внатречноста на замокот еднакво плени. Во секоја соба се наоѓа позлатен намештај, а ѕидовите и плафоните се како скулптури кои ја „зборуваат“ својата рачно отсликана приказна.

До замокот „Neuschwanstein“ можете да стигнете од малото село „Hohenschwangau“ пешки, со мини автобусчиња или во стилот на кралот Лудвиг II, со кочија која ја влечат коњи. Изберете го својот пат до бајкитр и уживајте…