Моден хит ова лето! | Trendseteri
Menu

Моден хит ова лето!

Овој моден детаљ ова лето е голем хит, а чини само 100 денари


Џенифер Лопез, Кајли Џенер и Оливија Кулпо се само некои од познатите дами кои носат „алки“ на своите уши.

Познатите обетки во големина на нараквица во било која боја, феноменално го нагласуваат секој облик на лице.

Да потсетиме дека ваквите обетки беа заштитен знак на пејачките во 90-те години од минатиот век, а сега повторно се вратија во мода и претставуваат најлесен начин да привлечете внимание.

Од најмали до најголеми, во златна или сребрена боја, овој вид обетки во Македонија може да се најдат и по цена од 100 денари.